Денвер го почести Јокиќ со половина милион долари

од Nikola Popovski
421 прегледи

Денвер Нагетс реши да го награди Никола Јокиќ по пласманот во полуфиналето на Западната конференција на НБА-лигата.

Нагетси ги совладаа Портланд Трејлблејзерс со 4:2 и закажаа борба со Феникс, кој го исфрли Лос Анџелес Лејкерс, актуелниот шампион.

Ова беше прва плејоф серија во која Јокиќ славеше без Денвер да мора да одигра седум натпревари.

За пласман во следната рунда, Денвер реши богато да го почести српскиот центар, па на неговата сметка ќе лежат половина милион долари.

Боби Маркс, новинар од ЕСПН, ја наведе точната сума на бонусот, а во овој момент, Јокиќ е првиот фаворит за освојување на МВП наградата.

Популарниот „Џокер“ постигна 33 поени, 10,5 скока и 4,5 асистенции по натпревар против Портланд, а награда добија и Факундо Кампацо и Пол Милсап, кои заработија по 100 000 американски банкноти.

Според договорот потпишан во 2018 година, Јокиќ заработува просечно 29.542.010 долари по сезона (оваа година 28.543.009, а следната ќе заработи 30.510.423 долари), а тој веќе собра уште околу 1.000.000 од бонусот оваа сезона.

Слични содржини