Јанушев: Во минатото, фокусот на ВМРО-ДПМНЕ не беше ставен на зелената агенда

од Nikola Popovski
364 прегледи

„Во минатото, можеби требало, но не бил ставен фокусот на нашата партија во делот на екологијата и животната средина, но 16 години да имаш министер за животна средина, а после 16 години да излезеш и да кажеш дека промовираш зелена агенда, едноставно двете работи не одат заедно“, вели за ТВ Сител, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, одговарајќи на прашање за денешната презентација на партијата ДУИ дека преоѓаат кон зелена агенда.

Тој во своето гостување истакна дека тоа што денеска го најави Ахмети во овој период е всушност дефокус на јавноста од вистинските проблеми со кои се соочува државата.

Јанушев потенцираше дека на Македонија не ѝ требаат документи и платформи со фокус за заштита на животната средина, затоа што таа веќе има такви документи и конвенции со кои како држава учествува на највисокото светско ниво во оваа проблематика.

„На Македонија и треба имплементација на овие документи“, додаде тој.

Слични содржини