Џонсон ги повика богатите земји да го вакцинираат светот до 2022 година

од Берта Китинска
187 прегледи

Британскиот премиер Борис Џонсон во саботата ги повика водачите на групата од седум богати земји (Г7) да се посветат на вакцинирање на целиот свет против Ковид-19 до крајот на 2022 година и тоа да го сторат до состанокот во Велика Британија следната недела .

Џонсон ќе биде домаќин на првиот самит „во живо“ по скоро две години, по состанокот на министрите за финансии на групата, кој заврши порано денес, и рече дека ќе побара залог за постигнување на глобалната цел за вакцинација.

„Вакцинирањето на светот до крајот на следната година ќе биде најголемиот подвиг во историјата на медицината“, рече Џонсон.

Тој ги повика колегите водачи на Г7 да му се придружат во ставањето крај на пандемијата и да се заложат дека никогаш повеќе нема да дозволат да се повтори уништувањето предизвикано од коронавирусот.

Лидерите на Германија, Франција, САД, Италија, Јапонија, Европската унија и Канада ќе му се придружат на Џонсон на тридневниот самит во Корнвол, на југо-западот од Англија, што започнува во петок.

Исто така, тоа ќе биде прво патување во странство на американскиот претседател Џо Бајден откако ја презеде функцијата во јануари.

Иако најбогатите земји вакцинираа голем дел од нивната популација, многу сиромашни земји немаа еднаков пристап до вакцините. Здравствените експерти предупредија дека вирусот ќе продолжи да се шири и мутира доколку повеќе не се донираат вакцини.

Слични содржини