Се појави лажен PLF формулар за влез во Грција: Само една страница за апликација е РЕАЛНА!

од Берта Китинска
437 прегледи

За влез во Грција, потребно е, покрај другите сертификати и документи, да се пополни формуларот PLF најмалку 24 часа пред да се премине границата. Иако формата е потполно бесплатна, на Интернет се појави веб-страница, која наликува на официјалната веб-страница на грчката влада, а за таа услуга наплатуваат дури 35 долари.

Оваа измама ја посочи порталот „Грција инфо“:

– Кога внесувате „plf greece“ во пребарувачот Google, првите резултати се сајтови кои наплатуваат 35 долари за да пополнат формулар PLF и имаат платена реклама за да бидат на првото место во пребарувањето. На тој начин, тие ги наведуваат посетителите да одат на нивната, а не на официјалната веб-страница на грчката влада- се наведува на овој портал.

Ова е лажна страница www.passengerlocatorform-greece.com/en/, каде што само внимателен набљудувач ќе забележи дека наместо PLF всушност пишува PFL.

Единствената официјална страница на која граѓаните можат бесплатно да го пополнат формуларот за PLF travel.gov.gr.

Слични содржини