Откако сум министер за правда, јас и мојот тим посветено работиме на реформите во правосудството. Решаваме со децении таложени проблеми. Резултатите почнуваат да се гледаат, а убеден сум во идина забрзано ќе се менува и перцепцијата за судството, напиша на Фејсбук министерот за правда Бојан Маричиќ.
„Работиме на многу мерки и реформи за кои набрзо ќе информираме, а ова е само дел на тоа што успеавме да сработивме за само 10 месеци:
– Правда достапна за сите: Судските такси намалени за осум пати.
– По нова методологија започна проверката на работата на судиите.
– Започнува целосна дигитализација на 187 судници и 34 судови.
– Преку измени на Кривичниот законик до поголема заштита на новинарите и медиумски работници.
– Зголемени платите на судската полиција.
– Почна процедурата за набавка на нови униформи на затворската полиција.
-Пуштен во употреба ВПД Волковија – најмодерниот воспитно-поправен дом во регионот.
– По 20 години конечно Попис во Северна Македонија.
– Отворени политички разговори за промена на изборниот модел.
-Извештаите на Стејт Департментот и ЕУ забележуваат напредок во секторот правда и владеењето на правото во земјава.
– Голем дел од случаите на поранешното СЈО се пред завршница.
-Преку законски измени до 20 пати повисоки казни за загадувачите на животната средина.
-Измени на Кривичниот закони за поголема заштита на жените од насилство.
– Целосна реконструкција на повеќе затвори во земјата.
-Министерство за правда – отворено, транспарентно, отчетно.
-Засилена меѓународна соработка“, напиша Маричиќ