Целосен ремонт: 22 фудбалери го напуштаат Кристал Палас

од Vladimir Zorba
291 прегледи

Англискиот премиерлигаш Кристал Палас ќе игра во најелитната класа на англиски фудбал и следната сезона. Клубот претходно остана без тренерот Рој Хоџсон, кој се повлече по уште една исполнета цел – опстанок, а челниците на тимот од „Селхерст парк“ го реновираат тимот.

И додека се шпекулира за тренерската позиција на „орлите“, за која според англиските медиуми најдобар е Френк Лампард, управата реши да се ослободи од голем број играчи – дури 22. Така, договорот со Палас истече за Гери Кејхил, Клајн, Дан, Хендерсон, Хенеси, Мекарти, Сако, Таунсенд, Ван Аанхолт, Вард и Викам и некои млади, како Авеиро, Брион, Фланаган, Гонзалес, Хејл, Хобс , Лутра, Метјуз, Вудс и двајца Расели, исто така, добија исписници.

Од сите наведени, според англиските медиуми, само тројца играчи имаат шанса да останат. Тоа се Вејн Хенеси, Мамаду Сако и Патрик Ван Анхолт. Кога станува збор за заминувањата, Вилфред Заха, наводно, повторно побарал трансфер, па Кристал Палас ова лето може да го напуштат 23 играчи.

Сепак, сè зависи од новиот менаџер.

Слични содржини