Претседателот на Германската федерална канцеларија за заштита на уставот, Томас Халденванд, изјави дека активноста на руската разузнавачка служба во Германија го достигнала нивото од периодот на Студената војна.
„Забележуваме дека Русија значително ја зголеми својата активност“, рече тој во интервју за весникот „Велт ам Зонтаг“.
Како што рече, официјална Москва, со голем број агенти, наводно се обидува да „воспостави контакт меѓу оние кои донесуваат политички одлуки“ во Германија.
Во исто време, шефот на германската контраразузнавачка служба смета дека руските методи „стануваат погруби, а средствата посурови“.
Во врска со ова, Халденванг потсети и на убиството на грузиски државјанин во Берлин во 2019 година, како и дека германската страна смета дека Руската Федерација била вмешана во инцидентот, иако Москва повеќепати го негираше тоа.
Руските медиуми, исто така, потсетуваат дека Германија честопати ја обвинува Русија за шпионажа, но не дава конкретни докази за ваквите тврдења.