277
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонската страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија.
Препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.