321
Ако ги урнам платформите во Радожда како да сум го урнал цело село и животите на радождани, вели во интервју за ТВ24, градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.
– Ако најдете објекти од тврда градба, кои се дивоградби, ќе сносам одговорност, вели Мерко.
За него критиките од УНЕСКО се апсурдни, тврди – ја водев општината во правилната насока.
Чека „амин“ од ДУИ за да се кандидира за нов четврти мандат како градоначалник.