Војвотката од Сасекс, Меган Маркл (39) го роди своето второ дете, девојче во петокот, на 4 јуни, и се вика Лилибет „Лили“, Дијана Маунтбатен-Виндзор.
Меган ja роди ќеркаta во Калифорнија, каде живее откако таа го напушти кралското семејство минатата година. Странските медиуми исто така јавуваат дека мајката и ќерката се во добра здравствена состојба.
Кралската двојка ја објави веста за бременоста пред неколку месеци, а во шокантно интервју со Опра Винфри (67) откри дека станува збор за девојче.
Имено, тоа беше прв пат во историјата да се објави полот на кралско бебе пред раѓањето, во една телевизиска емисија.
Водителката Опра ги праша во таа пригода „дали се готови сега“, а Меган и принцот Хари (36) одговорија дека две деца им се доволни и не планираат трето.