МЗ: Вакцинирани се над 384 илјади граѓани, втора доза примиле 139.000

од Nikola Popovski
159 прегледи

Министерството за здравство информира дека вкупно 12.631 граѓанин примиле прва доза на вакцина против ковид-19 за 7 дена.

Во последните три дена од мај прва доза на вакцина против ковид-19 примиле вкупно 5.065 пријавени граѓани, а во првите 4 дена од јуни се вакцинирале 7.566 пријавени граѓани.

„Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 440.213 граѓани. Со последните бројки 48% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, и 35% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Во државата вкупно се аплицирани 384.466 дози вакцини, а ревакцинирани се 139.053 граѓани“, велат од МЗ.

Српскиот национален јавен сервис РТС објави дека за време на викендот, во Врање против коронавирус се вакцинирале 927 македонски граѓани.

Уште претходно беше најавено дека Македонците ќе може да се вакцинираат без закажување, само со пасош или лична карта, информираат српските медиуми. На нашите државјани на располагање им се вакцините на „Фајзер“ и „Синофарм“.

Според најавите на српските медиуми, вакцинирањето трае и денеска.

Од тамошиот здравствен центар во Врање соопштија дека досега во овој град се вакцинирани 1.105 Македонци, а дел од нив примиле и втора доза.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.417, бројката на оздравени пациенти е 149.292, а на починати е 5.455.

Слични содржини