Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес соопшти дека од 1 јули можно е граѓаните да се соочат со голем скок на цената на струјата од околу 18 проценти, а како аргумент ги кажа неговите пресметки и очекувања,
Тој вели дека АД ЕСМ, поради лошото работење е принуден да ја поскапи струјата, бидејќи во спротивно ќе треба да прогласи банкрот.
– Минатата година, според податоците кои ги поседуваме, АД ЕСМ ја завршила 2020 со загуба од минус 16.8 милиони евра. Според сознанијата, струјата што ќе му ја продаде на ЕВН Хоме ќе биде поскапена од сегашните 38 на 55 до 58 евра за мегават час, изјави Мицкоски.
Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, во интервју за „Локално“ пред неколку дена изјави дека во моментов ги анализираат детално доставените пресметки од енергетските компании и под лупа се ставени сите ставки.
„Штом заврши овој процес, ќе можеме да кажеме дали и колку од пријавените трошоци се реални, дали се прифатени и колку тие ќе вилјаат на оформување на цената на електричната енергија“, рече Бислимовски.
Претседателoт на РКЕ вели дека граѓаните максимално ја користат евтината тарифа и дека како регулаторно тело ќе сторат се за да може оваа поволност и понатаму домаќинствата да ја користат.