ВМРО-ДПМНЕ: Дали на маса е бугарската декларација, за на мала врата да ја поништи македонската нација?

од Vladimir Zorba
129 прегледи

„Зоран Заев е единствениот кој работи на штета на македонските интереси. СДСМ и Заев се уште молчат и не кажуваат за што преговараат. Дали на маса е бугарската декларација, за на мала врата да ја поништи нацијата. Бугарската декларација го негира македонскиот идентитет, историја и јазик но и темелите на македонската државност поставени на АСНОМ“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на пресот на Васев.

„Заев удри и по темелите на македонската историја. Заев јавно кажа дека Делчев е личност на заедничката историја.

Откако СДСМ и Заев се на власт се урнати сите македонски позиции и за тоа ќе следи одговорност.На народот му е преку глава од ваквите национални понижувања кои ги прави“, посочуваат од Белата палата.