Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата не се знае кога ќе ја продолжи седницата на која треба да бидат утврдени имињата на кандидатите за уставни судии. Претседателот на Комисијата, Костадин Костадинов изјави дека засега не се знае кога ќе продолжи седницата посочувајќи дека имало расправии и тензии и оти пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се обиделе да ја попречат работата на собраниското тело.
Костадинов претходно денеска во изјава за МИА ги обвини пратениците на опозициската партија дека недоволно ги познаваат процедурите во врска со изборот на судии на Уставен суд.
– Не може да ги имаме биографиите на уставните судии кога самите кандидати произлегуваат од замениците или од членовите на Комисијата за избори и именувања. Процедурата е следна, на самата комисија колегите, заменици и членови на Комисијата за прашања на изборите и именувањата даваат предлози за уставни судии. Поднесуваат биографии за нив, даваме пауза, сите пратеници ги имаат на увид биографиите и продолжуваме на одлучување на уставните судии. По одлучувањето, предлогот на одлуката оди на конечно одлучување на пленарна седница, објасни Костадинов и додаде дека постапува согласно законот.