Тоа што сме научени дека учебникот е единствен извор на информации и знаење е голем проблем за досегашниот образовен систем. Новата концепција предвидува дека тој материјал за учење да е само еден извор, кој треба да се поврзе со други извори на информации, мултимедијални, за да знаењето не биде само фактографско помнење, изјави министерката за образование, Мила Царовска во емисијата 24 анализа на ТВ 24.
Истакна дека целиот овој процес на унапредувањето на основното образование се води согласно законот и тој предвидува концепција за основното образование и во него се ставаат сите елементи кои се потребни за да се спроведува планот за подобрување.
– Мора да се подготвиме со имплементација на новата концепсиска програма од септември која е условена. Се она кое го зборуваме во јавноста, ние се трудиме да го разлизираме, вели Царовска.