Запленет хероин, приведено едно лице од Ресен

од Vladimir Zorba
366 прегледи

На 06.06.2021 во 19.05 часот во Ресен на ул. Иво Лола Рибар, во заедничка акција на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола и од Полициско одделение за БПС од ОВР Ресен приведена е Џ.М (21) од Битола.

При преглед кај лицето се пронајдени 30 грама хероин. Дрогата е одземена, а лицето е лишено од слобода.

До ОЈО Битола е доставена кривична пријава и од страна на Основен суд Ресен на лицето му е одреден 30 дневен домашен притвор.

Слични содржини