По силниот земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала, кој утрово го погоди подрачјето на Шибеник, не беа пријавени поголеми штети, пренесува агенцијата Хина.
Брзата помош соопшти дека во градот Врпоjeе, парче карпа паднало во дворот на куќата и провалило во автомобил, но дека нема повредени. Имаше многу повици, главно од исплашени граѓани.
Земјотресот, чиј епицентар беше 13 километри југоисточно од Шибеник, се случи во 5,59 часот.Интензитетот во епицентарот бил на VI степен од скалата ЕМС, објави хрватската сеизмолошка служба.Жителите на Шибеник излегоа на улиците по земјотресот, но повеќето наскоро се вратија во своите домови.
На веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар, граѓаните наведуваат дека земјотресот бил почувствуван во областа на окрузите Задар и Шибеник-Книн.