ВМРО-ДПМНЕ од денеска почнува со блокади на крстосници во Скопје и во десет други градови, брифира партиски извор..
Со блокадите опозициската партија сака да ја принуди власта јавно да соопшти за што преговара со Бугарија и какви отстапки се нудат.
Од партијата со денови обвинуваат дека Владата се согласила на бугарското барање, нивната скандалозна декларација од 2019 година, со која се негира македонскиот идентитет и јазик, да биде дел од патоказот што ќе биде прикачен за преговарачката рамка за членство во ЕУ, што премиерот Заев го негира. ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека Заев и Бучковски се согласиле прашањата за идентитетот, јазикот, историјата и културата да станат дел од поглавјата за преговорите со ЕУ, со што проблемот меѓу Македонија и Бугарија ќе се префрли меѓу Македонија и ЕУ.
Блокадите ќе бидат од 15 до 17 часот. Јавноста ќе биде информирана секој ден за плановите за протестите.Во Скопје ќе бида блокирани крстосниците пред Мавровка, пред Собранието и пред зградата на поранешна „Нова Македонија“.