Групата на ЕПП бара формирање Трибунал за судење на Лукашенко

од Stefanija Kuzmanovska
418 прегледи

Групата на Европската народна партија (ЕПП), како најсилна група во Европскиот парламент, повика на формирање меѓународен суд за гонење на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко и неговите следбеници.

По повод денешната дебата за Белорусија во Европскиот парламент, ЕПП го поддржа предлогот на белорускиот лидер на опозицијата Светлана Тихановскаja, да се одржи меѓународен самит за кризата во Белорусија.

„Таквиот самит треба да се одржи без одлагање под водство на ЕУ. Како група на ЕПП, ние веќе се обидовме да организираме мисија за високо ниво на медијација во земјата за да ги истражиме сите можни начини за запирање на насилството, ослободување на политички затвореници и помогнавме во создавањето услови за политички дијалог во земјата. За жал, иницијативата е блокирана“, рече потпретседателката на ЕПП, Сандра Калниете.

Калниете ја истакна потребата од натамошно зајакнување на одговорот на ЕУ на „злосторствата извршени од режимот на Лукашенко во Минск“.

„Ние бараме да се формира меѓународен трибунал за гонење на Александар Лукашенко и неговите послушници кои се бореа против Белорусија. Ние повикуваме на суспензија на белоруските репрезентации од Европските и Светските првенства, како и Олимписките игри. Повикуваме на проширување на сегашните санкции на ЕУ кон сите државни репресии, вклучително и оние кои ја поддржуваат и му даваат на режимот економска поддршка и помош“, се вели во соопштението на ЕПП.

ЕПП наведува дека во белоруските затвори има повеќе од 400 политички затвореници и повикува на нивно итно ослободување.

Слични содржини