335
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, се огласи по повод денешниот инцидент кога едно лице од публиката го нападна и рече дека денешниот инцидент во кој беше удрен со шлаканица е изолиран настан.
„Овој инцидент мора да го ставиме во перспектива, ова е изолиран настан“, изјави Макрон за францускиот локален дневен весник „Дофин Либре“, откако лице од толпата му удри шлаканица додека одеше и се ракуваше со граѓаните на југоистокот на Франција, објави „Ројтерс“.
Како што објасни Макрон, не смееме да дозволиме ултранасилните луѓе да преземаат јавни дебати, нагласи тој, тие не го заслужуваат тоа.