Николовски: СДСМ е фаворит на изборите (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
312 прегледи

СДСМ започнува интензивини теренски активности, со граѓаните. Под слоганот „Најдоброто за нашата општина“ ќе бидеме со граѓаните, во секое населено место, село, маало, урбана заедница, град, во секоја општина, изјави Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ, кој на денешната седница на ЦО на партијата беше избран за шеф на Централниот штаб на СДСМ за локалните избори.

Во рамки на овие теренски активности најави и одржување на 15 граѓански трибини.

Караванот граѓански трибини „Најдоброто за нашата општина“ започнува во петок, на 11 јуни, од главниот град, Скопје.

„Преку разговор со граѓаните на секојдневни, интензивни средби сакаме да дадеме отчет за сработеното на локално и на централно ниво за секоја општина, за сите проекти и мерки кои се реализирани и доаѓаат до граѓаните“, вели Николовски.

Посочи дека започнува инклузивна, отворена, демократска внатрепартиска постапка за избор на кандидати за советници и градоначалници на СДСМ за локалните избори.

„СДСМ по сите истражувања е фаворит на изборите, но затоа кадровската и програмската понуда сега се наш целосен фокус. „Најдоброто за нашата општина“ е нашата главна и клучна цел, најдоброто за граѓаните, тоа е СДСМ“, смета генсекот на партијата.

Слични содржини