Нов колапс на биткоинот, потона под 32.000 долари

од Nikola Popovski
169 прегледи

Цената на биткоинот денеска повторно падна на светските крипто-пазари поради продолжувањето на еуфоричната продажба на дигитални валути.

Најголемата криптовалута во светот изгуби 11 проценти од својата вредност до 11 часот по источно време, паѓајќи на 31,6529 американски долари, според податоците на Кин Метрикс, пренесува „CNBC“.

И помалите дигитални монети забележаа големи загуби, така што етереумот падна за скоро 13 проценти на 2.368 долари, а XRP за повеќе од 12 проценти.

Остатокот од пазарот на крипто-валути исто така претрпува огромни загуби кои се движат од 8,79 проценти во случај на биткоин до над 12,5 проценти во случај на догекоин.

Според експертите, постојат две причини за овој пад. Од една страна, прстите повторно се насочени кон Кина и зголемениот притисок што го вршат кинеските власти врз „рударите“ со забрана на нивната работа. Исто така, во последните неколку дена започна нивната акција за забрана на крипто-влијателите.

Од друга страна, очекувањето за „затегнување“ на монетарната политика на ФЕД ги натера инвеститорите на Запад да ги повлечат своите средства од пазарот на крипто-валути.

Слични содржини