289
Косовскиот премиер Албин Курти, откако беше потврдена пресудата против Ратко Младиќ, рече дека Србија треба да престане да го негира геноцидот.
– Неславниот воен злосторник Ратко Младиќ, попознат како касап во Босна и Херцеговина, беше осуден на доживотен затвор за геноцид. Србија го криеше и го претстави како херој. Но, оваа пресуда е потсетување дека негирањето на Србија за минатите злосторства во Босна и Херцеговина и Косово мора да престане, напиша Курти на Твитер.