Николовски: Сите наоди кои се утрврдени за штетниот мазут се доставени до ОЈО

од Берта Китинска
157 прегледи

Сите наоди кои се утрврдени  во врска со мазутот утрово се доставени до Основното јавно обвинителство за понатамошно процесуирање и утврдување на евентуална кривична одговорност, информираше денеска вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски

– Сето ова покажува дека веднаш по излегувањето на сторијата на ИРЛ,  на мој предлог, со Министерство за економија ги задолживме надлежните институции за итни, вонредни и длабински контроли на целиот процес  од увоз или производство до продажба на мазут и нафтени деривати. Институциите под ингеренции на Владата, веднаш постапија согласно законите и нивните надлежности и изрекоа соодветни казнени мерки, рече Николовски.

Тој нагласи дека заштитата на граѓаните е врвен приоритет на Владата и додаде дека нема да прават никакви отстапки на тоа поле.

– Би сакал да нагласам дека согласно владините задолженија при вонредните инспекциски надзори, се опфатија и сите останати фирми увозници, а надзорите се вршеа во сите фази, од увоз до складирање и користење на нафтените деривати. Притоа кај дел од нив беа констатирани неправилности во делот на законската обврска за чување залихи и правилно водење на сметководствената евиденција, нагласи Николовски.

Слични содржини