Еспирито нема да го преземе Кристал Палас

од Stefanija Kuzmanovska
278 прегледи

Нуно Еспирито Санто, поранешниот менаџер на Вулверхемптон, нема да го преземе тимот на Кристал Палас.

Островските медиуми јавуваат дека преговорите меѓу двете страни, кои траеле неколку недели, на крајот не успеале и тој сега треба да бара друга работа.

Желбата на португалскиот стручњак беше да остане во Лондон, каде веќе беше навикнат да живее со семејството.

Во последните неколку недели тој беше во контакт со други клубови, пред се со Евертон.

Челниците на Кристал Палас не беа импресионирани од барањата на Санто, кој освои само бод повеќе со Волците во неодамна завршената сезона во Премиер лигата.

Оттаму, тие се свртеа кон другите кандидати, чија цел беа првенствено Шон Диш и Стив Купер.

Кристал Палас остана без менаџер на крајот од сезоната откако искусниот Рој Хоџсон се пензионираше.

Слични содржини