До 14:00 часот, околу 300 граѓани на Северна Македонија примиле вакцина против вирусот ЦОВИД-19 во Врање, а бројот на вакцинирани Македонци во овој град е близу до 4.000. Редицата пред Спортската сала во Врање не е намалена ниту шест часа од отворањето на вратата утрово и има заинтересирани лица од Гевгелија, Тетово, Штип, Велес, Скопје итн, соопштуваат српските медиуми.
Како што велат, чекале околу еден час, а поради патувања сакаат да се вакцинираат.
„Сакаме да патуваме!“ – велат дел од присутните таму за порталот „Нова.рс’, а на прашањето каде ќе патуваат, тие изјавиле „на фестивалот Егзит сигурно, а ќе видиме за понатаму“.
Поради гужвата и примедбите од саботата, утрово раководството на ЗЦ Врање, во соработка со ЈП Водовод, обезбедиле чадори и цистерна со вода за пиење, со цел да се олесни чекањето на македонските граѓани.
Според официјалните податоци на Здравствениот дом, само вчера биле вакцинирани 692 граѓани од Македонија, а вкупниот број во последните четири дена надминува 2.500, односно најмалку 10 проценти од бројот на сите вакцинирани на еден од пунктовите во Врање.
-Оваа акција ќе продолжи и во наредниот период, истакна директорката на Здравствениот центар во Врање, д-р Љиљана Антиќ. Информира дека најмногу се вакцинираат со вакцините на „Синофарм“, а во помала мера со „Фајзер“.
Голем број Македонци се очекуваат за десет дена кога треба да пристигнат за ревакцинација оние што пред три месеци се вакцинираа со вакцината на „Астра зенека“.