Царовска: Од епидемиолошката состојба зависи дали учениците ќе се вратат во училишните клупи

од Nikola Popovski
207 прегледи

Продолжуваме да ги подобруваме и осовременуваме условите за настава. Истовремено инвестираме и во училишните објекти, и во нови наставни програми и во обучен и квалитетен наставен кадар, изјави министерката за образование, Мила Царовска за време на посетата на битолското основно училиште „Елпида Караманди“.

Таа потенцира дека сите имаме една иста желба, а тоа е во септември да ги видиме училишните дворови полни со детски насмевки, училниците да се полни со ученици, но дека тоа ќе зависи од епидемиолошката состојба.

– Заедно со премиерот и министерот за здравство сме во постојана комуникација во врска со враќањето на учениците на 1 септември во училиштата. Сите ние имаме една иста желба, а тоа е во септември да ги видиме училишните дворови полни со детски насмевки. Во оваа пандемија не сме затоа што сакаме, туку затоа што мораме. Сепак сите параметри ќе бидат разгледувани во наредните неколку недели и ќе имаме одлука многу скоро. Веднаш штом имаме официјална одлука ќе ја споделиме со јавноста, затоа што ако сега кој и да е од нас изнесува информации кои не се потврдени и договорени ќе се смета за шпекулација, а сметам дека ниту една надлежна инстиитуција или ресорен министер не смее да шири шпекулации и невистини, рече Царовска.

Посочи дека реформскиот процес во основното образование се одвива непречено и согласно предвидените рокови.

-Сите процеси што се зацртани со планот за реализација на новата концепција за основно образование се реализираат во дадените рокови. Концепцијата е донесена, наставните програми за прво одделение се донесени и објавени, наставните програми за четврто одделение се донесени и објавени, повик за пишување наставни материјали и материјали за учење за прво одделени се подготвени во прва тема, а следуваат и другите теми, што значи во функција е цел систем на автори, илустратори и подготвувачи за да може материјалите да се печатат, а истото се однесува за четврто оделение бидејќи селекцијата беше направена во текот на оваа недела и продолжуваат да пишуваат, рече Царовска.

Слични содржини