Околу 700 Македонци вчера биле вакцинирани во Врање, во Ниш дневно има по 100 имунизирани

од Nikola Popovski
473 прегледи

Во претходните 4 дена вакцинирани се 2.218 граѓани на Северна Македонија, кои од оваа недела можат да примат вакцина против Ковид-19 во Врање без закажување, соопшти Здравствениот дом во Врање, а пренесува порталот „Јужне вести“. Поради големиот метеж на пунктот за вакцинација во Спортската сала, мерките за епидемија се интензивирани, поставени се чадори и обезбедена е вода.

„Вакцинацијата на Македонците е можна во Ниш од пред три дена, а околу 100 граѓани на Северна Македонија дневно се вакцинираат на местото за вакцинација во салата „Чаир“, стои во текстот на српскиот портал.

Само претходниот ден, според здравствениот дом, вакцината ја примиле 692 Македонци, а од саботата до понеделникот биле вакцинирани вкупно 1.526 лица.

Од саботата, во Врање се вакцинирани 1.105 Македонци, така што сега вкупниот број вакцинирани од С. Македонија е 3.323, како што наведува тамошниот Здравствен дом.

Од здравствениот центар во Ниш наведуваат дека поголема гужва се очекува од 18 до 21 јуни, кога е крајниот рок за повторна вакцинација на граѓаните од С. Македонија кои во март ја примија АстраЗенека во Србија, кога вакцинирањето беше организирано преку Регионалната стопанска комора.

Контролниот пункт за странци во „Чаир“ ќе биде отворен во наредните денови од 8 до 20 часот.

Слични содржини