УЕФА суспендира руски судија и летонскиот клуб Вентспилс поради местење на натпревари

од Nikola Popovski
200 прегледи

Европската фудбалска унија (УЕФА) денес го суспендираше рускиот судија Сергеј Лапочкин на 10 години, додека летонскиот клуб Вентспилс беше казнет со забрана за играње во Европа на седум години поради местење на натпревари.

На Лапочкин му било забрането да извршува каква било судиска функција на национално и меѓународно ниво до март 2031 година.

Тој бил привремено суспендиран на 90 дена во март годинава поради сомневање дека учествувал во местење на натпреварот помеѓу Венстспилс и Бордо, во квалификациите за Лигата на Европа, во сезоната 2018/19.

Вентспилс бил поразен на првиот натпреваро од двомечот, со 0:1 на домашен терен, на кој судел Лапочкин.

УЕФА објави дека Вентспилс ќе биде исклучен од европските натпреварувања, заклучно со крајот на сезоната 2027/28.

Двајца клупски службеници исто така биле казнети. Адлан Шишканов доби доживотна забрана за работа во фудбалот, додека Николај Џакинс бил осуден на четири години затвор.

Слични содржини