189
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, објави дека воени пилоти од 10 земји членки на НАТО, меѓу кои и С.Македонија, ќе се обучуваат во нашиот тренинг-центар за хеликоптери.
„Десет НАТО сојузници меѓу кои и Северна Македонија стартуваат нова ера во обуката на воени пилоти. Воспоставуваме мрежа на европски тренинг центри за пилоти на борбени авиони, хеликоптери и дронови. Нашиот центар во Скопје ќе врши основна и напредна обука на пилоти на хеликоптер.Министрите за одбрана на НАТО земјите во овој проект Северна Македонија, Белгија, Турција, Црна Гора, Грција, Чешка, Унгарија, Италија, Романија и Шпанија, имавме симултано потпишување на Меморандумот за разбирање“, информираше Шекеринска.