Отворен ЗОО парк во средното училиште „Браќа Миладиновци“ од Скопје (ФОТО)

од Берта Китинска
363 прегледи

Средното земјоделско-ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје ги  отвори вратите за посетители својата мини зоолшка градина – ЗОО Парк и систем за аквапоника.

-ЗОО паркот и аквапоника системот во средното земјоделско – ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ во општина Кисела Вода ќе им помогнат на учениците во практична обука и стекнувањето квалитетни компетенции и вештини.За истакнување е што училиштето ги искористува сопствените капацитети и кадар и вложува во обучувањето во природна средина, а Министерството, преку СКИЛС проектот финансиран од Светска банка помогна во набавката на опрема, механизација и инструменти за практична настава. Ова е пример што треба да се следи. Колку повеќе сите заедно вложуваме во подготовката на учениците, толку полесно тие ќе се вклучат на пазарот на труд или ќе отворат свои бизниси и ќе станат продуктивен дел од нашата заедница, изјави министерката за образование Мила Царовска.

Слични содржини