Горат социјалните мрежи заради новата соработка помеѓу Баленсијага и Крокс: „Дали се шегуваат или не исмеваат?

од Берта Китинска
400 прегледи

Луксузниот бренд од Париз „Баленсијага“ оствари соработка со популарниот бренд „Крокс“ и создаде крокс  со потпетици, но и чизми. Оваа вест наиде на поделени мислења во јавноста – додека некои се згрозени од идејата, други едвај чекаат да си купат пар за себе.

Еден од моделите се популарните влечки од крокс, овој пат со потпетица, додека другиот модел е во форма на чизма со подебел ѓон.

 

– Што се обидуваат да направат со ова – се прашуваше една жена, додека друга додаде дека сака да носи влечки од крокс, но дека таквата соработка е целосно непотребна.

– Што не е во ред со луѓето во Баленсијага? Не можам да одлучам дали се шегуваат или се потсмеваат на луѓето што ќе ги купат овие чевли – се прашуваше една девојка.

„Ги посакувам што побрзо“, рече едната девојка, додека другата понуди награда за секој што ќе ја извести кога може да ги добие.

Фото: Profimedia/The Mega Agency

Слични содржини