Заев со поддршка до Општина Охрид за уривањето на дивоградбите

од Берта Китинска
168 прегледи

Изразувам силна поддршка за одлучната акција за отстранување на бесправно изградените објекти на охридското крајбрежје што ја спроведува Општина Охрид и градоначалникот Константин Георгиески, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

-Правната држава става крај на хаосот и импровизациите на територијата на Охридскиот Регион и на езерското крајбрежје прогласено за светско наследство, заштитено од УНЕСКО, со цел да го реафирмираме владеењето на правото и да го подобриме квалитетот на живот на граѓаните.Сите се еднакви пред законите и сите мора да ги почитуваат, а ова особено е важно кога е во прашање заштитата на вредностите на светското наследство.Општина Охрид презема храбри и конкретни чекори кои сите треба да ги поздравиме. Се надевам дека наскоро ќе може да ја поздравиме и одлучноста на  Општина Струга, напиша Заев.