Битиќи: Потребата од К-15 е стекнато право, во секторот здравство ќе добијат се што им следува

од Nikola Popovski
440 прегледи

„Треба да дадеме една јасна порака на граѓаните. Дискурс од тоа што е малку незначително. Еднаш зсекога треба да сфатиме дека треба да се однесуваме правени и правично. Потребата од К-15 е право и ние мораме да запреме со „тој има право, но јас не сакам поради мои аргументи“, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи за емисијата „Вин-вин“, на темата за доделувањето К-15 за одреден дел од администрацијата.

Според него, стекнато право е стекнато.

„Во секторот здравство ќе добијат се што им следува. Ќе бидат наградени и беа наградени. Имаме фантастичен економско-социјален совет, во кој што дискутираме за работничките права. Ние сме единствената влада во 30 години независност, која што во тој совет им дава можност на репрезентативните организации да учествуваат, но и на сите други“, истакна Битиќи.

Околу 50-тина илјади буџетари ќе добијат К-15.

Слични содржини