Премиерот на Британија, Борис Џонсон, очекува Г7 да донира една милијарда дози вакцини против ковид-19 на посиромашните земји за време на самитот, кој започнува во петок.
Само неколку часа откако американскиот претседател Џо Бајден вети дека САД ќе донираат 500 милиони дози вакцина на Фајзер, Џонсон рече дека Велика Британија ќе им даде најмалку 100 милиони дози вишок вакцини на најсиромашните земји.
Го повика Г7 да се посвети на вакцинирање на светот до крајот на 2022 година
Британскиот премиер веќе ги повика лидерите на Г7 да се посветат на вакцинирање на целиот свет до крајот на 2022 година и очекува дека за донирање милијарда дози вакцина ќе се разговара за време на тридневниот самит на групата во англиското приморско одморалиште на заливот Карбис.
„Како резултат на успехот на програмата за вакцинирање во Велика Британија, сега можеме да дистрибуираме вишок дози на оние на кои им се потребни. Исто така, правиме масивен чекор кон тоа да ја победиме оваа пандемија засекогаш“, рече Џонсон.