„Вашингтон пост“: Русија му обезбедува на Иран софистициран шпионски сателит

од Stefanija Kuzmanovska
251 прегледи

Русија ќе му обезбеди софистициран сателит на Иран, што значително ќе ја подобри способноста на земјата да шпионира, пишува американскиот дневен весник „Вашингтон пост“.

Сателитот „Canopus-V“, опремен со камера со висока резолуција, ќе му овозможи на Иран да ги следи инсталациите на непријателот низ целиот Блиски исток, прецизира весникот, повикувајќи се на добро информирани службеници.

Оваа информација беше објавена неколку дена пред самитот на 16 јуни во Женева, кога треба да се сретнат рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден. Според „Вашингтон пост“, сателитот може да биде лансиран во следните месеци од Русија.

Дури и ако тој сателит нема капацитет на американски сателити, Иран би можел да го искористи за шпионажа на одредени локации.

Тоа предизвикува страв од размена на информации со Јемен, Ирак или Либан, покрај информациите за развој на беспилотни летала и балистички ракети, изјави еден од изворите за американскиот весник.

Со купување на тој сателит, Техеран ќе има поголема можност да ги следи Заливот, израелските бази и американската армија во Ирак.

„Франс прес“ потсетува дека информациите на „Вашингтон пост“ доаѓаат во сред разговори меѓу големите сили за спасување на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година, по едностраното повлекување на САД во 2018 година за време на претседателот Доналд Трамп.

Слични содржини