Маричиќ: Онлајн судењата за 60 проценти ја зголемуваат ефикасноста и транспарентноста

од Берта Китинска
163 прегледи

Дигитализацијата, за жал во некои сегменти од општеството наидува на отпор, но ќе се сложиме дека отпор кон модернизација не треба да има, порача министерот за правда Бојан Маричиќ, на отворањето на Конференцијата за ефикасност на работата на судиите и судската администрација.

-Таа ќе се случи, порано или подоцна во сите сегменти на живеењето. Судството секако нема да биде „поштедено“. Сите досегашни анализи укажуваат дека преку дигитализацијата, судењата на далечина или онлајн судењата за 60% ја зголемуваат ефикасноста и транспарентноста. Дополнително, на овој начин се намалуваат трошоците за граѓаните.На дигитализацијата не работиме сами, односно имаме директна финансиска и стручна помош од ОБСЕ, Европската Унија, САД и норвешката Влада и навистина сум благодарен за тоа, кажа Маричиќ.

Слични содржини