Вкупниот број на заразени со делта видот на коронавирус во Велика Британија се зголеми за 29.892 и изнесува 42.323, соопшти денес Институтот за јавно здравје на таа земја.
Истата институција навела дека оваа варијанта, попозната како индиски вид, сочинува 90 отсто од новоинфицираните лица во Велика Британија.
Оваа бројка бележи голем скок во однос на 12.431 случај на Делта, пријавени минатата недела.
Меѓутоа, експертите наведуваат дека податоците не се добри за споредба, бидејќи од оваа недела се користат нови тестови за тој генотип, според кои случаите на делтата варијанта сега може да се потврдат во рок од 48 часа.