„На третата средба усвоивме текст за Григор Прличев, кој е поминат на меѓувладината комисија во јуни 2019 година. Ние предложивме тој да се чествува четирипартитно, но Грција и Албанија одбија, односно не покажаа интерес“, вели копретседателот на Мешовитата комисија за историски прашања, Драги Ѓоргиев за емисијата „Само вистина“.
Тој потенцира дека Прличев ја има добиено најголемата книжевна награда во Грција за поемата „Сердарот“ и сметале дека треба да има свој придонес и кон грчата култура.
„Откако Грција и Албанија одбија, бугарската страна подготви нов текст за него, кој што е навредлив за нас и не го прифативме. Во самиот годишен извештај стоеи дека доколку грчката страна не прифати, ние ќе работиме да го подобриме“, констатира Ѓоргиев.