235
„Факт е дека на темата Украина во НАТО имаше многу различни ставови. Политиката на отворени врати која за нас беше алфа и омега од сите НАТО самити, сега веќе е заокружена приказна. Иако сме фер и сме биле таму каде што се сега некои други земји, велиме и ние дека таквата политика треба да продолжи“, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска за емисијата „360“.
Таа се надева и дека држави од нашето опкружување ќе влезат во НАТО алијансата.
„Акцијата на Русија во своето соседство некако создаде консензус помеѓу земјите-членки на НАТО, дури и оние кои се противеа на такво нешто. Сепак, треба да се најде модел со кој ќе им се помогне на Украина и Грузија“, потенцира Шекеринска.