Претседателот на Бугарија, Румен Радев вчера остварил телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкон. Разговорот бил инициран од Блинкен и се дискутирало на различни теми, вклучително и стратешкото партнерство меѓу Бугарија и САД, санкциите според Законот Магнитски против бугарски поединци и компании, соработката во областа на безбедноста и одбраната, закрепнувањето од пандемијата од коронавирус, како и европската интеграција на Република Северна Македонија.
Во однос на европската перспектива на Албанија и Република Северна Македонија, првиот американски дипломат изрази надеж за забрзување на процесот на европска интеграција на нашата земја, објави претседателството. Заеднички став било дека ова е во интерес на стабилноста и безбедноста не само во регионот, туку и во Европа.
Шефот на државата потсетил на бугарската постојана поддршка за членството на Северна Македонија и повика на постигнување на одржливи и неповратни резултати во градењето добрососедски односи, како и строго почитување на копенхагшките критериуми за членство, што ќе го забрза процесот на усвојување на рамка за преговори со ЕУ.