Ковачевски: Историски најниска невработеност, раст на извозот и индустриското производство

од Vladimir Zorba
238 прегледи

„Навремените и ефикасни економски мерки што ги преземавме за време на кризата со коронависрусот придонесоа последиците да бидат надминати и денес да имаме економија која е стабилна, динамична и развојна. Стапката на невработеност на крајот на првиот квартал од 2021 година падна на историско најниско ниво од 16 отсто“, вели денеска Димитар Ковачевски, член на Извршен одбор на СДСМ.

„Истовремено, стапката на вработеност, втор квартал по ред се зголемува. Од 46,8 отсто на крајот на 2020 година, сега имаме стапка на вработеност од 47,1 отсто.

Ова значи дека во текот на првите три месеци од 2021 година кога целата светска економија сè уште беше под удар од коронакризата, кај нас се отворија околу 3.500 нови работни места. Платите континуирано растат и во услови на пандемија“, истакнува тој.