Кит проголтал нуркач, а потоа го плукнал речиси неповреден (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
342 прегледи

Искусниот нуркач Мајкл Пакард бил проголтан од грбав кит и бил во него скоро една минута, пишува „Тајмс“.

„Одеднаш почувствував огромен налет и сè околу мене стана црно“, се присети Пакард во петокот попладне откако беше пуштен од болницата Кејп Код во Хјанис.

„Се чувствував како се движам и како китот ги стисна мускулите во устата“, рече тој.

На почетокот Пакард помислил дека е во голема бела ајкула, но не можел да почувствува ниту еден заб. Брзо сфатил дека го проголтал кит.

„Бев целосно внатре, сè беше црно. Си реков: Нема шанси да побегнам од тука. Завршив, мртов сум. Само размислував за моите синови – тие имаат 12 и 15 години“.

Мајкл имал опрема за нуркање и се борел внатре во китот кој започнал да одмавнува со главата. Тој проценил дека бил  во китот 30 до 40 секунди пред китот конечно да го плукне.

„Ја видов светлината и китот почна да ја фрла главата настрана и следното што го паметам е дека бев надвор (во вода)“, рече Пакард, кој живее во Велфлит.

Јосија Мајо, колега на Пакард, видел прскање вода кога китот излегол на површината и го исфрлил Пакард.

Слични содржини