343
Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ се пошегува со својата сопруга Јелена. Тој се пласираше во финалето на Отвореното првенство на Франција, откако во полуфиналето го победи својот голем ривал Рафаел Надал. Од трибините во голема мерка го поддржуваше неговата сопруга Јелена.
Таа се нервираше, скокаше и навиваше, што беше причина Ноле да се нашали на нејзина сметка.
Тој на социјалните мрежи објави фотографија на која се прикажува како Јелена „изгледала“ пред и по неговиот натпревар со Надал.