„Трибините на СДСМ се очајни и без концепт. Трибина за Скопје, за граѓани од други градови? Тоа што СДСМ на главна трибина во Скопје носи партиски војници од други градови говори дека скопјани Шилегов го множат со нула. Не ни може поинаку впрочем затоа што ги оштети за 123 илјади евра за 7 даски од тропско дрво. СДСМ не знае да смисли нешто ново, трибините им се копија на оние од ВМРО-ДПМНЕ од пред 10-тина години, а таму и се застанати во времето“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Најдоброто за Скопје е Шилегов да си оди, затоа што градот го претвори во депонија, го искасапи зеленилото, а тендерчињата за набавки како онаа за пожарникарската скала за ненормални 1,7 милиони евра само се множат. Скопје со Шилегов е најзагаден град во Европа, депонии и ѓубре на секој чекор, го остави градот без никакви капитални инвестиции, а потроши 12,7 милиони евра од продажбата на Градската куќа, пари на скопјани кои некој не знае каде завршија.
На трибините Шилегов требаше да одговори пред граѓаните како исплатил 10 милиони денари на компанија на зетот за сестра на секретарот на Град Скопје или како склучил тендери од 2.5 милиони евра со дел од скопските градоначалници без да ги објави јавно. Чист и алпски воздух нема во Скопје, Луна парк нема, тунел под Кале нема, Скопје зелена метропола само во сон, Шилегов е брука од градоначалник“, посочуваат од партијата на Мицкоски.