Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) ги поздрави најавите од Самитот на Групата седум најразвиени индустриски земји за дистрибуција на вакцини против вакцини, но тој истакна дека на светот му треба повеќе и треба побрзо да пристигнат.
„Предизвикот, им реков на лидерите на Г7, е дека за навистина да се запре пандемијата, нашата цел мора да биде да вакцинираме најмалку 70 проценти од светската популација додека Г7 се состане повторно во Германија следната година“, рече директорот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус пред новинарите на самитот денес во Англија.
„За да го постигнеме тоа, потребни ни се 11 милијарди дози“, рече Тедорс, додавајќи дека е „потребно“ земјите привремено да се откажат од заштитата на интелектуалната сопственост за вакцината против коронавирусот.
Домаќинот на самитот на Г7, британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека групата земји ќе ветат најмалку милијарда дози вакцини, а половина од тоа ќе дојде од САД и 100 милиони од Велика Британија во текот на следната година.
Тедрос повтори дека неговата цел е да се вакцинираат 30% од населението на секоја земја до крајот на 2021 година. За да се постигне таа цел, рече тој, потребно е да се обезбедат 100 милиони дози во јуни и уште 250 милиони до септември.