Министерството за внатрешни работи во изминативе денови спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на возачите што управуваат возило под дејство на алкохол, како и за санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на мотоцикли.
Во текот на вчерашниот ден (12.06) санкционирани се 89 возачи за возење под дејство на алкохол на територијата на целата држава, како и 220 возачи на мотоцикли кои не ги почитувале сообраќајните правила на територијата на целата држава, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Струга.