„Македонија нема време за губење. Македонските граѓани немаат уште нови 3 години за губење со Зоран Заев и оваа криминална власт. 4 години национални предавства, 4 години криминал и корупција со Зоран Заев“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Заев за Курир.рс.
„Заев е свесен на се помалата поддршка од граѓаните и за драстичниот пад на својот рејтинг и рејтингот на СДСМ и повторно се обидува преку евтини спинови да си купи мир во својата партија.
Без ниту еден капитален проект овие 4 години, со зголемен долг од над 63%, илјадници луѓе кои останаа без егзистенција, со уништена економија и уништени човечки животи, се делата и проектите на Зоран Заев на власт.
Македонија со Заев е на 111-то според скалата на „Транспаренси Интернешнл“ или најкорумпирани и најкриминализирани. 4 години на политизираност на судството и немање на правдата. Без ниту еден отпочнат судски случај за соработниците на Зоран Заев, кои се живи фатени во криминал.
„Доста е. Доста се национални предавства и понижување од оваа криминална власт. На следните локални избори граѓаните ќе го казнат ова криминално владеење на Зоран Заев. Четири години власт на Зоран Заев, 4 години украден живот. Доста е, оставка веднаш!“, истакнуваат од Белата палата.