С.Македонија со прво учество на НАТО самит како полноправна членка

од Берта Китинска
199 прегледи

Денеска во Брисел се одржува првиот Самит на НАТО на кој Македонија учествува како полноправна членка.

– Рамо до рамо со нашите сојузници, целосно сме посветени на колективната безбедност. Затоа што ние сме НАТО. Заедно сме посилни!, напиша Заев на неговиот ФБ.

Лидерите на 30-те земји членки ќе разговараат за иднината на Алијансата и нејзините предизвици.

Целта на генералниот секретар, Јенс Столтенберг, е лидерите да се усогласат за „амбициозна” агенда за 2030-та во однос на безбедноста и одбраната. Тој на лидерите ќе им претстави низа предлози, вклучително и зајакнување на политичката димензија на Алијансата, како и засилување на колективната одбрана и отпорноста на земјите членки во однос на инфраструктурата.

Се очекува Џо Бајден повторно да ја истакне американската посветеност за колективна одбрана на 30-те сојузници во НАТО откако Трамп ја доведе во прашање нејзината важност и предложи во 2018 година Вашингтон да го повлече своето членство.

Слични содржини