ВМРО-ДПМНЕ денеска продолжува со протестите.
-Се додека на тајни преговори се подриваат македонските национални интереси, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да протестира заедно со граѓаните на Република Македонија. Протестите продолжуваат денес од 17:00 часот пред МНР во Скопје, истакнаа вчера од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ го повикува министерот за надворешни работи Бујар Османи да го покаже на македонската јавност документот кој го преговараат со Зоран Заев.